Почнува проектот за развој на стручни вештини и вработување на БЕФ
– Здружението за регионален развој Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб академијата „Еверест“ и со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк) го објави јавниот повик за кофинансирање стручни студии во областа на веб развојот (front-end девелопер).
Целта на проектот е да ги оспособи одбраните кандидати за позицијата Front-end девелопер, а потоа, по студиите да им помогне во наоѓање работа преку мрежа од над 150 ИТ компании. Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видео лекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.
На одбраните кандидати ќе им бидат покриени 80 отсто од трошоците за студиите, а обуката е наменета пред сѐ за невработени лица, вклучувајќи и студенти. Приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со попреченост.
Пријавувањето на кандидатите трае до 15 септември,на веб страната на BEF, (http://www.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад