Македонија
20. February 2020 - 9:15

Почнува реконструкцијата на патот Бутел – Раштак

Во Општина Гази Баба денеска ќе биде означен почеток на реконструкцијата и проширувањето на регионалниот пат Бутел – Раштак во должина од пет километри.

Почетокот на реконструкцијата ќе го означат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.