Почнува снимањето на копродукцискиот филм „Бегство кон морето“
Во Ровињ утре ќе почне да се снима хрватско-црногорско-
Како што соопшти македонскиот копродуцент Гејзер филм, деталите за новиот филмски проект на Булаиќ (1928) биле соопштени вчера на прес-конференција во Пула.
Филмот „Бегство кон морето“ (Bijeg do mora) ги следи случувањата и судбината на тројца главни ликови во драматичните настани на Втората светска војна, кои се поврзани со денешното време. Главна тема на филмот е победата на човечноста и љубовта над ужасот и бесмисленоста на војните кои поминуваат но ги разоруваат човечките вредности на обичните луѓе.
- Без идеологизирање на едната или на другата завојувана страна, филмот е замислен како современ поглед, со дистанција, неоптоварен со артикулација на политичкиот или идеолошкиот агол на гледање. Таа филмска приказна, за таканаречените „мали луѓе“ од двете завојувани страни, ја обележува свирепоста на војната, а воедно и денешниот живот, изјави режисерот Булаиќ чии филмови беа меѓу најгледаните во поранешна Југославија.
Најголем дел од филмот ќе се снима на локации низ Истра. Хрватски продуцент на филмот е Томислав Жаја од продукциската куќа Грал филм, а црногорски копродуцент е Догма студио. Директор на фотографија е Станко Херцег, а во главните улоги ќе бидат Том Влашиха, Дијана Видушин, Јадранка Ѓокиќ и Барбара Прпиќ. Во останатиот дел од актерската екипа, меѓу другите, се и македонските Сабина Тозија, Данчо Чевревски и Мето Јовановски.
Ново на Сител
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти