Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
Францускиот хирург Жоел Ле Скуарнек (73) во текот на месецот ќе се појави на суд поради обвиненијата дека силувал или сексуално злоупотребил стотици деца, најголем број негови пациенти додека биле под анестезија. Тоа ќе биде најголемо судење за педофилија во историјата на Франција.
Ле Скуарнек е обвинет за силување или сексуална злоупотреба на 299 деца, во периодот од 1989 до 2014 година во Бретања. Тој призна само некои дела.
Судењето ќе биде во Ван, северозападна Франција по долгогодишната истрага.
Се поставува прашањето дали Ле Скуарнек имал заштита од неговите колеги и од управата на болницата, бидејќи американското Федерално истражно биро (ФБИ) предупредило дела посетувал сајтови со детска порнографија. Но, болницата каде што работел му изрекла само условна казна.
Додека Би-би-си наведува дека семејството на Ле Скуарнек знаело дека е педофил, но не интервенирало.
Ле Скуарнек од 2017 година е во затвор, уапсен по обвинувањата дека ги силувал своите внуки и едно шестгодишно девојче и млад пациент. Тој во 2020 година осуден е на 15 години затвор. При претресот на неговиот дом полицијата пронашла над 300.000 фотографии од сексуална злоупотреба на деца, како и неговите дневници каде опишува детали од нападите врз своите пациенти во текот на 25 години. Тој тврдеше дека во дневниците ги опишувал само неговите фантазии.
Некои од неговите поранешни пациенти, сега возрасни, изјавија дека се сеќаваат дека лекарот ги допирал под изговор на преглед, понекогаш во присуство на нивните родители или други лекари. Бидејќи повеќето од неговите жртви биле под дејство на анестетици за време на нападите, тие не се сеќаваат на настаните и биле шокирани кога полицијата ги контактирала и ги известила дека нивните имиња се споменуваат во дневниците на Ле Скуарнек заедно со деталните описи на злоупотребата.
Адвокатката Франческа Сата, која застапува неколку жртви, изјави дека меѓу нејзините клиенти се семејствата на двајца мажи кои се сеќавале на нападите и кои си ги одзеле животите. Додека адвокатот Фредерик Беноа, кој ја застапува групата за права на децата „Детски глас“, посочува дека биле направени клучни институционални и судски пропусти што му овозможиле на Ле Скуарнек да продолжи да ги злоупотребува децата со децении.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија