Почнува тридневен штрајк на машиновозачите, на Германија и се заканува сообраќаен колапс
Машиновозачите на Германската железница (ДБ) вечерва стапуваат во тридневен штрајк со цел да го принудат работодавачот да направи отстапки во тековните преговори за колективниот договор.
„Овој штрајк нема легитимитет и затоа правиме се за доброто на нашите корисници“, објасни претставникот на работодавачите на ДБ, Флоријан Вех, кој го иницираше барањето за одложување на штрајкот пред надлежните судови.
Тој најави повторна скратена постапка пред судот за работни односи за да се постигне одложување на штрајкот, што ДБ го смета за непропорционално. На првото судење во понеделникот, трудовиот суд во Франкфурт го одби барањето за одложување на штрајкот.
Синдикатот на машиновозачите ГДЛ ги повика своите членови да ја прекинат работата во товарниот сообраќај од вторник во 18 часот и во сообраќајот утре во 2 часот по полноќ. Штрајкот треба да трае до петок до 18 часот.
Од ноември ГДЛ е во преговори со ДБ за зголемување на платата за најмалку 500 евра и намалување на работното време. Она што е спорно за ДБ е пред се намалувањето на работната недела на 35 часа со целосна исплата на плата.
Неодамнешната понуда на ДБ за флексибилно работно време беше одбиена од ГДЛ како „несериозна“.
Ново на Сител
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
