Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во шесте поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански во рамки на Здравствен дом Скопје. Вакцинацијата ќе се одвива секој работен ден во периодот од 14 часот до 19 часот, информираа за МИА од Здравствен дом Скопје.
Министерството за здравство минатата недела соопшти дека вкупно се набавени 40.000 дози на четиритипни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на ризичните групи во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години. Вакцините се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
Од Центарот за јавно здравје Скопје за МИА информираа дека кај нив денеска почнува и вакцинацијата против сезонски грип со комерцијални вакцини кои чинат 800 денари. Вакцинацијата со овие вакцини ќе се одвива секој работен ден од 07:30 часот до 18 часот. Комерцијални вакцини против сезонски грип набавија и центрите за јавно здравје во другите градови, каде ќе се врши вакцинирањето.
Ново на Сител
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
