Почнува вакцинацијата против сезонски грип
Вакцинација против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против Ковид-19.
Набавени се 40 000 четириваленти вакцини, а граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација.
– Ова е четврта година по ред како обезбедуваме бесплатна вакцинација за хронично болните, граѓаните над 65 – годишна возраст, бремените жени, децата и здравствените работници. Ќе има и теренска вакцинација и тоа во домовите за стари лица, центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во Институтот за јавно здравје, а во Скопје каде се очекува и најголем притисок за вакцинација освен во Центарот за јавно здравје од поликлиниките за вакцинација за сезонски грип ќе бидат наменети тие во Ѓорче Петров, Бит Пазар и во Идадија, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини таа за сезонски грип и за Ковид-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинации. Додаде дека освен оваа количина вакцини центрите за јавно здравје набавиле 11 000 комерцијални вакцини од кои 4000 се во Скопје.
Ново на Сител
-
Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067
-
Анкета на ИПСОС: Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски
-
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
-
АХВ: Од 41 дом за стари лица, 14 не биле регистрирани како оператори со храна
-
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет
-
Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе преземат решителен чекор нанапред