Почнува „Вино Скоп 2017“

На плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ денеска почнува фестивалот на виното „Вино Скоп 2017“ на кој ќе се претстават десетина македонски винарии на чии штандови посетителите по промотивни цени ќе можат да дегустираат повеќе видови вина и македонски деликатеси.
Посетителите на годинашниов Вино Скоп ќе имаат можност да дегустираат повеќе видови вина по промотивни цени, а ќе има и вкусни македонски деликатеси, проследено со богата културно-уметничка прогама.
Предвидена е богата музичка програма со настапи на Караванија, Калевала-бенд, Викторија Лоба, Ај Кју, Нокаут, ДЈ Александар Јорданов, Поп Арт Бенд, Нина Јанева со 2 Егзит, Фиц, Чил Плеј, Миле Кузмановски, дуото Куку Леле, етнобендот Баклава.
Годинава е предвидено и викенд матине кое ќе почнува на пладне во сабота и во недела, а присутните ќе ги забавуваат познати тамбураши и чалгии. Во четврток и в петок, ќе има „ афтерворк“ забави со рок, блуз и џез бендови.
Вечерните забави ќе започнуваат во 21 часот, додека пак дневните во четврток и во петок од 17 часот, а во сабота и во недела во 12 часот. Како и секоја година влезот е бесплатен, а манифестацијата ќе трае до недела.
Фестивалот за промоција на вино „Вино Скоп", кој годинава ќе се одржи по 11 пат, традиционално го организира Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Друштвото за угостителство, трговија и услуги Темов фшт Доо-Скопје.
Ново на Сител
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
-

Скандал во Бугарија: Жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порно-сајтови
-

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“
-

Втор ден од преговорите Русија – Украина во Абу Даби
-

Берлинскиот аеродром ги суспендира сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
-

Зверев е подобар од Ѓоковиќ
-

ИЈЗ: Малигните неоплазми - втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите
-

Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег
