Почнуваат европските избори, гласање до недела
Околу 400 милиони Европејци од 28 земји-членки на ЕУ од денеска до недела ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент со мандат во следните пет години.
Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај.
Резултатите што ќе го одредат составот на деветтиот Европскиот парламент ќе бидат познати истиот ден околу 22 часот.
На секои пет години од 1979 година, граѓаните на земјите-членки на ЕУ ги избираат своите претставници во Европскиот парламент како единствено тело на ЕУ кое се избира директно на избори.
Како и на претходните избори во 2014 година, сега се избираат вкупно 751 пратеник од 28 земји-членки.
Членовите се избираат пропорционално, членки со помалку жители, како што се Малта или Луксембург, имаат 6 пратеници, додека повеќето членови на Европскиот парламент доаѓаат од Германија (96) и Франција (74).
Според проценки на аналитичари и анкети на јавното мислење во ЕУ, се очекува дека актуелните, но и најстарите сили на европскиот десен и лев центар да продолжат да имаат парламентарно мнозинство во новиот парламентарен состав на Европскиот парламент.
Последните проценки се дека моментално најголемата Европска народна партија (ЕПП), и покрај пад од сегашните 217 места, ќе остане најбројна со очекувани 180 пратеници. Потоа следат социјалдемократите (СД) со очекувани 149 пратеници (во однос на 188 од постоечкиот состав), Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ) со 76 и Зелените со очекувани 57 места во новиот состав на Европскиот парламент.
Освен падот на бројот на т.н. „традиционални партии”, се очекува дека во деветтиот состав на Европскиот парламент, екстремната десница ќе освои повеќе мандати.
Последните истражувања покажуваат дека политичката група Европа на нациите и слободата (ЕНФ), предводена од пратениците на францускиот Народен фронт на Мари Ле Пен, може да добијат 62 места во споредба со 37 од сегашниот состав.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.