Балкан
20. October 2022 - 8:18

Почнуваат разговори меѓу ММФ и владата на Србија за нов аранжман

Владата на Србија денеска во Белград започнува разговори со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за идни начини на соработка, односно нов стенд-бај аранжман.
Во разговорите, како што соопшти Министерството за финансии, треба да се договорат идните реформски цели, како и висината на новиот финансиски аранжман.

За време на престојот во Србија, претставниците на ММФ ќе одржат серија средби со државните претставници за постигнатите резултати во рамките на моментално важечкиот аранжман „Инструмент за координација на политиките“ (ИПЦ), кој е од советодавен карактер.

Според властите во Белград, Србија во моментов има на располагање 2,5 милијарди евра, но мора да се има доволно пари на сметката, поради кризата предизвикана од војната во Украина и поскапувањето на енергенсите.