Македонија
22. May 2016 - 20:27

Почувствуван земјотрес во Берово, Пехчево, Делчево и Скопје

Земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 10 часот и 58 минути со епицентар на 150 километри југоисточноно од Скопје, во соседна Бугарија.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа во Берово, Пехчево, Делчево и во Скопје и околината.