Балкан
9. јуни 2016 - 9:15

Податоци за нивото на сиромаштијата во Грција во 2015

Прагот на сиромаштија во Грција се движи од 182 евра месечно за едночлено домаќинство во приградските и селските средини, кое има сопствено живеалиште, до 905 евра месечно, за семејство со две деца, кои живеат во Атина и плаќаат наем или станбен кредит, покажува истражувањето на Диа-Неосис (diaNEOsis), пишува грчкиот весник „Имерисија".

Податоците од истражувањето покажуваат дека 1.647.703 граѓани на Грција, кои претставуваат 15 отсто од населението, во 2015 година биле под овој праг, пренесува БТА

Според едно друго истражување, објавено во истиот весник, еден од двајца млади на возраст од 18 до 29 години (поточно 45,6 отсто) работат за плата под 500 евра.

71 отсто од лицата на возраст од 30-35 години, моментно се вработени, додека пак, кај оние помеѓу 18-29 години тој процент е намален до 52 отсто.