Македонија
4. December 2017 - 11:49

Поддршка од Естонија за формирање преговарачки тим за ЕУ

Република Македонија гледа оптимистички на претседавањето со Советот на Европската Унија од страна на Република Естонија до крајот на годината, период во кој нашата држава е посветена на реформите и отстранувањето на сите пречки кои и го отежнуваат приближувањето кон Унијата.
 
Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на дрнршната средба со шефот на естонската дипломатија Свен Миксер, во рамките на работната посета на Република Естонија, на која станало збор за приоритетитена естонското претседателство со Советот на ЕУ, за политиката на проширување, како и евроинтегративниот процес на Република Македонија.
 
- Наша цел е, додека трае претседавањето на Естонија, да ги добиеме првите сигнали од страна на Унијата кои ќе бидат во насока на визибилноста на европската перспектива на Република Македонија, изјави Османи.
 
Тој потенцира дека е добро што Република Македонија, на овој пат кон ЕУ, има пријатели и поддржувачи, и дека Република Естонија ја смета за таков сојузник. Во оваа насока, Османи, се посочува, побара и дирекна помош од Естонија за Секретаријатот за европски прашања, за формирањето, подготовка и обука на преговарачкиот тим за евентуалниот почеток на преговорите да биде дочекан со подготвен тим за преговори. Дополнително, Османи побара и поддршка во искуство и знаење за формирањето и подготовка на преговарачката структура во целата администрација, имајќи го предвид искуството на Естонија, како и сличноста на европската администрација во двете земји. 
Соговорниците заеднички се согласија дека ЕУ ја потврдува својата позиција за поддршка на процесот на проширување, а претседавањето на Естонија, како и последователно, следните претседателства на Бугарија, Австрија и Романија, претставуваат неповторлива шанса, добар моментум, кој не треба да го пропуштат земјите од Западниот Балкан, соопшти СЕП.
 
Во рамки на посетата Османи ќе има средби и со Клен Јарац, директор на канцеларијата за европски прашања при Владата на Естонија, со Томас Витсут, претседател на Комисијата за европски прашања при естонскиот Парламент, како и со Ерик Нилс Крос, претседател на парламентарната група помеѓу Република Македонија и Република Естонија.