Поддршка од Норвешка за НАТО и ЕУ интеграцијата на Македонија
Норвешка го поддржува приемот на Македонија во НАТО и ЕУ и е подготвена да и помогне во тој процес, истакна норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде по денешната средба во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Бренде рече дека Норвешка има силно партнерство со Македонија и има долги историски врски.
- Ги поддржуваме аспирациите на Владата за зачленување во евро-атлантските организации и сме фокусирани на развивањето на инклузивноста во Македонија. Се надевам дека ќе има делотворна соработка во Парламентот. Тоа што може да се научи од Норвешка е дека пред 100 години бевме една од најсиромашните земји, а сега сме една од најразвиениет што е овозможено со инклузивност и демократија, изјави Бренде на заедничката прес-конференција со Димитров.
Македонскиот министер за надворешни работи Димитров рече дека иако ова било нивна прва средба, таа била љубезна и отворена.
- Ова е посета на министер за надворешни работи на Норвешка по шест години. Разговаравме за односите меѓу двете земји, кои се блиски и пријателски. Идната година правиме 25 години дипломатски односи и има потенцијал тоа да се развие во многу области, изјави Димитров.
Посочи дека ги презентирал на норвешкиот колега приоритетите на новата Влада и во делот на НАТО и ЕУ интеграциите, и во делот на добрососедските односи, но и во делот на тоа што се прави за силни институции, закон за сите, владеење на правото и слободни медиуми.
- Поддршката од Норвешка и претходно и сега за нашиот северно-атлантски пат стои. Особено во овој момент за регионот поддршката за покана во членство во НАТО за Македонија ќе има многу смирувачки и корисен ефект и за Македонија, и за Балканот и за НАТО Алијансата, рече Димитров.
Ново на Сител
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
