Поддршка од Собранието за проектот „АРМ - Мој вистински дом“
Собранието на Република Македонија денеска на продолжение на 71. седница го оцени како прифатлив Предлог законот за дополнување на Законот за одбрана во прво читање, со кој се создава законски основ Министерството за одбрана да го организира и спроведува станбеното обезбедување на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија.
-Со ова законско решение ќе се овозможи примена на проектот „АРМ - Мој вистински дом“ со што припадниците на АРМ и граѓанските лица во служба на АРМ ќе може по мошне поволни услови да се стекнат со станови, рече во образложението на законот министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Според него, Министерството за одбрана заедно со Владата ќе овозможат локации на кои ќе се градат зградите, ќе ги финансира комуналните такси и ќе им помогне во купување на становите.
- Цената што ќе ја плаќаат припадниците на АРМ ќе биде еквивалтнтна на градежната цена за изградба на овие објекти и ќе биде околу 400 до 450 евра по метар квадратен. Становите ќе ги отплаќаат на 20 години, при што ќе ја плаќаат само главнинатата, а каматата ќе биде на товар на МО, рече Јолески.
Пратениците го проследија во натамошна процедура и Предлог законот за изменување на Законот за пасишта, во прво читање. Со измените се предлага договорот за користење државно пасиште да може да се продолжи со поднесување барање шест месеци пред истекот на тековниот договор, а не како што беше досега 45 дена.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Димовски оцени дека со продолжувањето на времето за поднесување барање се дава дополнителна сигурност на концесионерите на државните пасишта затоа што многу порано ќе се регулира статусот на пасиштата.
Парламентарното мнозинство ги прифати и предлог законите за изменување и дополнување на законите за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост и за земјоделско земјиште, во прво читање, а за предлог законот за амнестија во прво читање, поднесен од 11.069 избирачи, ќе расправа откако ќе биде разгледан од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратениците го поддржаа и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско претстапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2014 година.
Невена Петроска, раководител на Државниот совет, меѓу другото, истакна дека има стагнација на бројот на деца во судир со законот, состојба забележана и во анализата на МВР.
Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ во тек на расправата забележа дека во сите општини не се формирани општински совети за превенција на детско претстапништво и нагласи оти им арезултати таму кај што се основани. Побара со следниот годишен извештај Државниот совет да достави и финансиски извештај за да се добие реален увид за работењето на оваа институција.
Јагода Шахпаска од СДСМ истакна дека загрижува податокот што во сите 30 центри за социјални работи постојат деца во ризик.
- Поразителна е бројката на 100.000 деца во Македонија 482 да бидат во социјален ризик. Тоа треба да ги загрижи сите особено институците кои се грижат за децата, рече Шахпаска, за која е неприфатливо тоа што не биле обезбедени просторни услови за Државниот совет како важна институција.
Собранието констатира дека се неоправдани барањата за давање автентично толкување на член 25 став 1 точка 9 од Законот за даноците на имот, поднесено од градоначалникот на Општина Куманово, на член 42-а став 2 од Законот за управните спорови, поднесено од пратеникот Кенан Хасипи и на член 73 став 2 од Законот за стечај, поднесен од пратеникот Авдија Пепиќ.
Неоправдано, според парламентарното мнозинство, е и барањето за давање автентично толкување на член 19 од Законот за даноци на имот, поднесено од градоначалникот на Општина Струмица, а беше прифатено автентичното толкување на член 125 став 2 од Законот за високото образование, поднесен од пратеничката Олга Најденовска.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за утре напладне најави ново продолжение на 71. седница.
Ново на Сител
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош