Поддржани 11 проекти од културата во општина Виница
Вкупно 11 проекти во општина Виница ќе бидат финансирани од буџетот на Министерството за култура во 2017 година, што е повеќе од претходната година.
Одобрени се по четири проекти на Домот на културата „Тошо Арсов“ и Музејот „Теракота“, а Фолклорниот ансамбл „Китка“ доби три проекти.
- Во областа на културата, Министерството и годинава ќе ги поддржи работата на мандолинскиот камерен квинтет за класична музика, како и Фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас“ , работата на Ансамблот за староградски песни “Серенада“ и концертот на Националниот фолклорен ансамбл „Танец“, изјави Славко Данев, директор на Домот на културата во Виница.
Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Истибања ќе биде делумно финансиран за оддржувањето на Меѓународниорт фолклорен Фестивал „Истибањско Здравоживо“, а ќе биде поддржано и меѓународното гостување на фолклористите. Годинава, по првпат одобрен е и проект за обновување на народните носии.
Министерството за култура ќе финансира и четири проекти во археологијата, од кои како најзначаен е проектот за „Расчистување и покривање на објектот – цистерна во Виничко Кале“, Музејската ноќ-2017, Конзервација на материјал од археолошкиот локалитет „Коколов Рид“ Виница, како и изработка на посебен проект од областа на заштитата на движното културно наследство и негова реализација.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг