Поддржувачите на Трамп повикуваат на немири и насилна одмазда по пресудата

Медиумите нагласуваат дека по пресудата, поддржувачите на Трамп одговориле со објави на веб-страниците поврзани со поранешниот претседател – TruthSocial, Patriots.Win и Gateway Pundit – повикувајќи на насилство.Како што се додава, некои поддржувачи на Трамп повикаа на напади врз поротниците, егзекуција на судијата Хуан Меркан или директна граѓанска војна и вооружен бунт.
Медиумот наведува дека сите објави што ги прегледале повикувале на насилство или бунт, но дека повеќето од нив не ги исполниле законските стандарди за криминална закана, што обично бара докази дека коментарот одразува јасна намера да дејствува или да влее страв, а не само да сугерираат застрашувачки исход.
Портпаролот на TruthSocial мрежата на Трамп, во врска со извештајот на Ројтерс за објавите на поддржувачите на Трамп, рече дека тоа е „манипулативен, лажен, клеветнички и транспарентно глупав напис“ и дека е објавен „чисто од политички инает“.
Поротата на Окружниот суд на Менхетен синоќа го прогласи поранешниот американски претседател Доналд Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. Тој ја обвини актуелната администрација за пресудата и изјави дека тоа е направено со цел претседателот Џозеф Бајден да го „повреди политичкиот противник“.
Доналд Трамп е првиот претседател во историјата на САД кој е осуден за кривично дело.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
