-->
-->
Поделена хуманитарна помош за семејства од социјален ризик во Куманово
-->

Хуманитарното здружение Крепост, деновиве подели хуманитрна помош за единаесет семејства од Куманово, информираа денеска од здружението.
Пакети со храна и со средства за лична хигиена беа поделени на семејства од социјален ризик.
-И во текот на летото продолжуваме со донациите кои ги обезбедуваме за лицата кои се сиромашни, кои се болни. Овој пат пакетите беа поделени на семејства од урбаната средина. Станува збор за семејства, корисници на социјална парична помош, многудетни семејства, во дел од семјествата има и деца со посебни потреби, а во дел родителите се болни, изјави Христијан Георгиевски од „Крепост“.
Членовите на „Крепост“ приближно 100 активни хуманитарци, луѓе од најразлични профили, работници, наставници, лекари, уметници, продавачи, инспектори, такси возачи, адвокати, агрономи, студенти, донираат финансиски средства согласно можностите, а неретко согласно потребите на загрозените се донира и лекови, постелнина, мебел, бела техника, помош за оние кои доживелае непогода пожар, поплава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
