Подгответе се: Обилни врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде oблачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне почнувајќи од запад ќе се интензивираат, соопшти УХМР.
Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.
Во Скопско облачно со повремени врнежи од снег, во текот на денот послаби, а пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта. Снежната покривка ќе се зголеми за околу 15 до 20 см нов снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 1 степен над нулата.
Утре во текот на претпладнето почнувајќи од запад врнежите ќе престануваат, а на истокот ќе се задржат до пладне и рано попладне. Од петок се очекува стабилизација на времето и намалување на облачноста.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
