Подгответе се за невреме, пороен дожд и грмежи во северните делови

Развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд и грмежи има во западните делови од Македонија особено во планинските подрачја. Облачната маса, како што соопштуваат од УХМР, се движи кон североисток.
До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.
Во Скопје умерено облачно, во доцните попладневни часови повремено значително облачно со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.
Утре ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи. И во Скопската котлина ќе биде променливо облачно, попладне со пороен дожд и грмежи.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Во понеделник се очекува позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата за 5 до 10 степени во однос на претходните денови.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
