Македонија
25. March 2016 - 20:03

Подгответе се за убав викенд - Погледнете какво време не очекува

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот, односно кон недела изутрина во западните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб локален снег.
 
Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната  од седум до 14 степени.
 
Во Скопје слично време, облачно со умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
 
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но ќе има и постепено негово стабилизирање, односно температурата ќе биде во постепен пораст.