Подгответе се за викендот: Еве какво време не очекува!
Викендов времето ќе биде сончево и значитечно потопло со температури над 20 степени.
Од утре до недела времето ќе биде стабилно и суво. Утре на повеќе места ќе има зголемена облачност. Температурата ќе се движи од минус два до 16 степени. Во Скопје слично време. Утринската температура ќе изнесува еден, а дневната максимална 15 степени.
За време на викендот ќе биде претежно сончево и значително потопло. Во сабота утринската ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне максимални 20 степени. Во недела минималната ќе биде нула, а дневната до 23 степени,
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи. Во понеделник темпаратурата ќе биде во интервалот од пет до 22 степени, вторник од три до 18 и среда од еден од 17 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција