Балкан
4. May 2023 - 13:14

Подготвувам незапаметен масакр, она дете од вчера е крал, момче од Бихаќ со закана за масакр во училиште

Mомче со иницијали А.З од Бихаќ на нстаграм се закани дека ќе изврши масакр сличен на оној што вчера се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, пренесуваат медиумите во регионот.

Тој на својот инстаграм профил напиша дека ќе ги убие учениците и наставните работници на Економското училиште.

„Тоа момче што уби осум деца за мене е крал! Долго време подготвував такво нешто за Економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр на Бихаќ, ви се колнам со мојот живот”, напиша тој.

Додаде: „Кога веќе сите знаете дека ме осудувате и избегнувате, тоа би било терор“.

Според написите, полицијата ја потврдува информацијата.

„Имаме информации. Информирано е и обвинителството. Се работи за лице кое и е познато на полицијата. Не знаеме колку години има. Мислам дека е малолетник. Не знаеме дали некој го пријавил. Тоа го видовме на социјалните мрежи и потоа го проверуваме по службена должност“, изјави за порталот „Аваз“ Бахрудин Џелалагиќ, портпарол на МУП на УСК.

Поради заканата се огласија и од мешовитата гимназија во Бихаќ.

Како што е соопштено, нема потреба од паника, а надлежните органи реагирале навреме.