Македонија
8. April 2024 - 11:23

Подметнат пожар на охридската депонија „Буково“, кривична против непознат сторител

Ноќеска од непознат сторител подметнат е пожар на охридската депонија „Буково“.

Според информациите од ЈП „Охридски комуналец“, екипи на претпријатието веднаш биле испратени на терен, каде се преземени сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на пожарот.

За инцидентот се известени и во СВР-Охрид, од каде ќе биде поднесена кривична пријава за подметнат пожар од непознат сторител.