-->
-->
Поднесен предлог аеродромот во Загреб да се именува во Фрањо Туѓман
-->
Хрватското Министерство за морепловство, сообраќај и инфраструктура поднесе предлог за именување на аеродромот во Загреб според првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.
Ресорниот министер Олег Бутковиќ го поднесе предлогот, кој ќе се разгледува на една од следните владини седници и мора да помине комплетна процедура, односно потребно е да се изјаснат сите надлежни координати.
Загрепскиот аеродром е даден под концесија на француската фирма ZAIC, која гради нов терминал, а името, според договорот, го одредува концесионерот.
Косопственици на аеродромот се државата со 55 отсто, Градот загреб со 35 проценти, како и Загрепската жупанија и градот Велика Горица со по пет отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори