Поднесени кривични пријави против Албанец за пет тешки кражби во Дебар
Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар при ОВР Дебар денеска расчисти пет кривични дела, при што до Основното јавно обвинителство Дебар се поднесени пет кривични пријава против Д.Ц.(36) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236, став 1, точка 1 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, тој кривичните дела ги извршил во куќи на подрачјето на Дебар, од кои три кривични дела биле пријавени на 12.02.2023, едно на 30.01.2023 и едно на 10.03.2017, при што одзел разновидни вредни предмети и се стекнал со противправна имотна корист од 1.650.000 денари.
Од страна на инспектори преземени се мерки и активности, при што по оперативен пат беа прибрани материјални докази дека сторител на овие кривични дела е Д.Ц. од Албанија. За лицето беа спроведени низа оперативни дејствија при што е утврдено дека по извршувањето на кривичните дела на територијата на Дебар продолжил со криминални дејствија во Албанија, каде бил приведен и во моментов издржува затворска казна, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари