Поднесени обвиненија за трговија со дрога во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителни акти за двајца скопјани поради трговија со дрога и од судот бара да им го продолжи притворот. Во првиот случај се работи за пронајдена дрога во продавница за миленици, а во вториот полициски службеници откриле половина килограм марихуана.
-По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинителни акти во два предмети за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првиот случај, 32-годишен скопјанец e обвинет, бидејќи на 3 февруари, во продавница за производи за домашни миленици неовластено држел наркотична дрога и психотропни супстанции – вкупно 90,68 грама марихуана, 11,4 грама амфетамин во грутчеста и прашкаста форма, 85 таблети 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА), како и дополнителни 24,09 грама од таа психотропна супстанција. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол, информираат од ЈО.
Второто обвинение е против 29-годишник кој на 4 февруари, на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога – марихуана, во поголема ќеса. При претрес на возилото, полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.
-Оценувајќи дека и натаму постојат основите заради кои на двајцата обвинети им беше првично определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворската мерка, соопштуваат од обвинителството.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
