Свет
27. јуни 2017 - 9:13

Поднесено обвинение за корупција против бразилскиот претседател Мишел Темер

Главнот обвинител на Бразил, Родриго Жанот поднесе до Врховниот суд официјално обвинение за корупција против претседателот Мишел Темер поради што е можна оставка од шефот на државата.

За да биде изведен пред Врховниот суд обвинението треба да биде одобрено со гласови од 2/3 од пратениците. Во таков случај тој може да биде отстранет од функција во рок од 180 денови.

Едно од обвиненијата е дека Темер примал поткупи.

Пратеници од владејачката коалиција сметаат дека ќе соберат доволно гласови за да не дозволат обвинението да биде одобрено и претседателот да се најде пред суд.