Поети од Македонија и Бугарија заедно читаа поезија
Десетина поети од Струмица и Благоевград, Бугарија денеска во рамките на настанот „Поетски дијалози“ читаа своја поезија.
Пред публиката се претставија поетите Никола Маџиров, Киро Донев, Сузана Мицева, Ѓорги Калајџиев, Ице Беличев, Никола Сарајлија, Смиља Василевска и Митко Гогов, а бугарските поети ги претставуваа Борислав Владиков, Катерина Кирјанова, Снежана Стојнева и Златко Павлов.
Според Васил Новоселски, претседател на Читалиштето од Благоевград, ваквите поетски средби треба да бидат почести и поблиски.
- Се надевам дека нашата соработка во наредните години ќе стане таква што секој ден да остваруваме контакти, да се доближуваме едни до други и да се почитуваме. Се радувам што меѓу нашите поети и писатели од Благоевград и Струмица се раѓа една исклучителна дружба, истакна Васил Новоселски, претседател на Читалиштето од Благоевград.
Од името на домаќините, гостите ги поздрави писателот Ацо Гогов, кој рече дека во нашата меморија се потсетуваме на стиховите на големите поети Христо Ботев, Иван Вазов, Пејо Јаваров и на сите големи имиња на бугарската литература и поезија.
„Поетските дијалози“ меѓу поети од Македонија и Бугарија се одржаа во рамките на оф програмата на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, чие 26 издание завршува вечерва.
Ново на Сител
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Ангелов: Не може да се разговара од почеток за веќе ревидирани препораки во историската комисија
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски