-->
-->
Поетски митинг во рамки на Петровденските конаци
-->
Во рамки на десеттата јубилејна манифестација „Петровденски конаци 2016“ синоќа пред платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани покрај кејот на Кочанска река се одржа мегународниот поетски митинг „На Јановден на конак“.
Настапија поети членови на Друштвото на писателите од Македонија,Бугарија и Србија како и роднокрајни автори од Кочани.
- Стиховите се читаа на отворен прстор со превод на македонски јазик се со цел поезијата на нашите поети гости од странство да биде подостапна до слушателите,гледачите кои во голем број додјода да ја проследат оваа поетска манифестација, изјави Кристина Атанасова Арсова, директор на Центарот за култура од Кочани, во чија организација се одржа поетскиот митинг.
Пред љубителите на пишаниот збор настапија Дејан Ѓоргевиќ од Грделица и Радослав Стојановиќ и Власта Цениќ од Ниш,Република Србија, Бојан Ангелов и Димитар Христов од Република Бугарија, Борче Панов и Јовица Илиќ од Друштвото на писателите на Македонија, како и роднокрајните автори Славица Цветкова,Зоран Мицев и Драги Трајчев.
- Посебно се радувам што повторно сум во Македонија, на оваа прекрасна поетска манифестација, која е добро осмислена и придонесува за зближување на поетите од повеке земји од Балканот, изјави Бојан Ангелов, претседател на Сојузот на писателите на Република Бугарија.
Меѓународниот поетски митинг „На Јановден на конак“ како дел од Петровденските конаци, финансиски го подржаа Министерството за култура на Република Македонија и општина Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 40.000 испитаници одговориле дека не сакаат пролетен распуст следната година
-
Агенцијата за енергетика оди во историјата
-
Договор за соработка меѓу Уставен суд и Правниот факултет
-
Ќе има ли пауза за приватни специјализации во здравството?
-
По 15 години чекање, позитивната листа конечно ќе добие нови лекови
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи но не со свиткана кичма
-
Таравари најави ревидирање на позитивната листа