„Поетски синтези 2017“ во Битола

Во организација на Здружението за наука и култура „Нова“, викендов во Битола во рамки на Битолско културно лето се одржа деветтиот фестивал „Поетски синтези 2017“ под мотото „Поетски пораки за мир“.
На првата фестивалска вечер во амбиенталниот простор на Магазата под отворено небо во центарот на градот со своја поезија се претставија 15 поети од Македонија, Србија, Хрватска и дијаспората, а поезија се читаше на македонски, шведски, англиски, српски, хрватски и на италијански јазик.
- Симболично со балони и цветни креации на Живко Поповски-Цветин, поетските пораки за мир од Битола беа испратени во целиот свет. Меѓу поетите настапија: Мирјана Стојановска, Искра Пенева (Србија), Кристина Николовска, Гордана Михајлова-Бошњаковска, Жаклина Михајлова (Австралија, дијаспора), Љерка Тот-Наумова, Никола Илијовски, Весна Мундишевска, Живко Поповски-Цветин, Бобан Богатиновски, Ленче Милошевска, Петко Шипинкаровски, Ивана Боцеска и Билјана Димко, соопшти Здружението за наука и култура „Нова“.
На фестивалот беше доделена традиционалната награда „Поетска муза“ за најдобра стилска композиција на песна и интерпретација, што и припадна на Ивана Боцеска, како и на Жаклина Михајлова за песна од дијаспората.
Во рамки на поетскиот фестивал денеска се одржа симпозиум на тема: „Карактеристиките на современата македонска и балканска поезија“ на кој говореа проф. д-р Кристина Николовска и Искра Пенева, а модератор беше организаторот на манифестацијата Мирјана Стојановска.
Беше промовиран и зборникот песни „Поетски пораки за мир“ во издание на Здружението за наука и култура „Нова“, а беа доделени и награди на млади автори по пролетниот конкурс на Здружението „Нова“.
Ново на Сител
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
-

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
