Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти
Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,041 денари за килограм, а цените на останатите горива остануваа исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.
Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 51,784 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС 95 и понатаму ќе се продава за 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 86, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.
Како причина за новите малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,19 отсто, намалените кај дизелот за 1,242 и кај мазутот за 2,305 отсто, како и за 0,088 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа