Поевтинуваат горивата
За денар поевтинуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а за половина денар бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС - 98, 71 денар на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).
Поскапува Мазутот М-1 НС, за 0,521 денар и килограм ќе чини 45,5 258 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 проценти во однос на цените со одлуката од 25. минатиот месец.
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,985 проценти, кај дизелот за 3,209 проценти, кај екстра лесното масло за 2,935 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 0,902 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5679 проценти, информира РКЕ.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница