-->
-->
Погба официјално нов член на Манчестер Јунајтед
-->
Конечно заврши трансфер сагата на францускиот репрезентативец Пол Погба во Манчестер Јунајтед.
И официјално, од „Олд Трафорд“ потврдија дека Погба нов член на Манчестер јунајтед.
Неговиот премин од Јувентус во Манчестер Јунајтед, „црвените ѓаволи“ ќе ги чини неверојатни 105 милиони евра, со што 23-годишниот Французин стана најскапиот фудбалер во историјата на овој спорт.
- Среќен сум што повторно доаѓам во Манчестер јунајтед. Овој клуб секогаш имаше посебно место во моето срце, чувствував дека е судбина да се вратам овде и да освојувам трофеи. Ова е вистинскиот момент за враќање на „Олд трафорд“. Со нетрпение чекам да почнам да играм за Жозе Мурињо“, изјави Погба по компетирањето на транферот.
Французинот пред четири сезони беше дел од тимот на „Олд Трафорд“ по што како слободен играч мина во редовите на Јувентус со кој освои три шампионски трофеи во Италија.
Договорот на Погба е на пет години, а Французинот ќе заработува неделно по 310.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минчев: Наследството од народното востание потсетник да ја поддржуваме слободата, правдата и еднаквоста
-
Средба Зеленски - папа Франциск
-
Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки
-
Путин: Неопходен е нов светски поредок
-
Најмалку четворица загинати при руски напад врз регионот Одеса
-
Приведен албански државјанин за незаконит риболов
-
Тројца дилери приведени во Скопје
-
Димитриевски: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет