Погледнете какво време не очекува оваа работна недела
Толку од сонцето, на крајот на неделата ни претстои дожд. Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб а повремено умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 16 до 22 степена.
Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб повремено умерен ветер од северозападен правец. Највисоката дневна температура ќе достигне до 18 степени.
Нашето подрачје и понатаму останува во поле на зголемен воздушен притисок, така што во текот на роботнава седмица ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. По одделни котлини и речни долини ќе има и услови за појава на слаба утринска магла, особено утре.
Промена на временската состојба се очекува за време на викендот кога ќе има зголемување на облачноста, а во недела и повремени локлани врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица