-->
-->
Поголем број тиквешани гласале до 10 часот на вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг
-->
Поголем број тиквешани гласале до 10 часот на вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг, говорат податоците од општинските изборни комисии.
Во Кавадарци овојпат гласале 9,7 проценти од гласачите, а во првиот круг тоа го сториле 9 отсто од избирачите. Денеска до 10 часот, своето право на глас го оствариле 11,06 неготинци запишани во избирачкиот список, наспроти осумте проценти во првиот круг.
Најголема е разликата во Демир Капија, каде до истиот период од денот, на 21 април гласале 8,02 отсто од избирачите, а сега 13,24 проценти. За разлика од петте проценти во првиот круг, во вториот круг, до 10 часот своето право на глас го оствариле 6,9 отсто од росоманци запишани во избирачкиот список.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода