-Во неделата докторот ни рече дека Лејси има само уште неколку дена живот. Родена е со нарушување како и нејзините три сестри и братот, но тоа никогаш не е дијагностицирано. Сите истражувања на гените се нормални, изјави нејзината мајка Џејми.
Синот Џордан беше првиот кој го изгубија во 2001, кога имал само 11 месеци. По него починала и Џејми Ли во нејзината 13. година, а во 2011 година во шестата година почина и Ели. Само година дена подоцна, останаа и без Лекси, која имала само 9 месеци.
-Не можеа да одат, да зборуваат, тешко дишеа и јадеа. Лејси половина живот го помина во болница. Моментално е на апарати и под лекови, но и натаму не слуша и понекогаш се насмевнува, раскажува Џејми.
Лејси за неколку дека ќе го прослави својот четврти роденден, а семејството се труги да и ги исполни сите желби на роденденската журка.
-Ни дојде маскотата Пепа прасенце и екипата на Белфаст Џајантс. Не можевме да го добиеме пејачот Ед Ширан, но докторот од болницата во кој претходно се лечеше дојде со гитара и таа веднаш отвори очи кога почна да пее. Медицинските сестри не можеа да веруваат, рече Џејми и додаде дека на Лејси и треба 24-часовна нега.
Семејството Полак има уште четири деца - Кејн (9), Зак (8), Оли (5) и едногодишниот Марк.

