Погрешни резултати за Ковид-19 добија 3.700 Швеѓани поради грешка во опрема
Околу 3.700 лица во Шведска добија неточен резултат дека се позитивни на коронавирусот, поради грешка во опрема за тестирање за Ковид-19, која пристигнала од Кина, објави денеска Агенцијата за јавно здравје.
Според агенцијата, опремата на компанијата БГИ Геномикс (BGI Genomics) не може да ја воочи разликата меѓу многу ниско ниво на заразеност со коронавирусот и негативниот резултат.
– Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите кои се потребни за користење на овој тест, рече Карин Тегмарк Висел, шефица на Одделот за микробиологија на агенцијата.
Таа додаде дека истата опрема за тестирање била извезена и во други земји, но не изнесуваше други детали.
Шведска соопшти дека погрешните резултати имале мал ефект врз статистиката за бројот на заразени со коронавирусот во земјата.
Агенцијата денеска соопшти дека, од почетокот на пандемијата, во Шведска се потврдени 86.891 случаи на коронавирус, додека 5.814 лица починале.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка