Показна вежба за јакнење на капацитетите на струмичката полиција
Секторот за внатрешни работи Струмица попладнево преку показна вежба и практично ги покажа напорите кои ги прави во насока на јакнење на капацитетите. Во рамки на проектот финансиран од Европската унија, полицијата е дел од кампањата за институционална надградба и градење на капацитетите во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал.
Марјан Колев од ПС на БПС Струмица, рече дека во поширок контекст, проектот ќе го поддржи реформскиот процес во министерствтото за приближување кон европските стандарди преку изградба на полиција која е ориентирана кон афирмација на општествените вредности во функција на граѓаните и кој а ќе овозможи подобар квалитет на живот, заштита на правата, како мир и хармонија помеѓу сите граѓани во земјата.
Главни компоненти на проектот се јакнењето на граничната полиција за поголема и ефикасна борба против нелегален шверц со недозволени дроги, трговија со луѓе, фалсификување документи и шверц со моторни возила, потоа за зајакнување на капацитетите за процена на заканите од организиран криминал и соодветни обуки, како и борба против финансискиот и комјутерски криминал преку развој на методологии и спроведување обуки за компјутерските форензичари и техники за истражување на компјутерски криминал.
Во рамки на проектот ќе биде подготвена и Стратегија за развој на полицијата со Акциски план кој треба да биде инкорпориран и реализиран преку Бирото за јавна безбедност.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба
-
Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми
-
Со „голф“ на место каде е дозволено 40 возел 108, уапсен 21 годишник од Липково
-
ОЈО: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани
-
Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
-
Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење
-
Мицковски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни
-
Шест мигранти држени во заложништво во Студеничани