Покрената истрага против Порошенко поради префрлање на државни пари
Украинското Национално истражно биро покрена истрага против поранешниот претседател Петро Порошенко и неговите соработници поради префрлување голема сума на девиза од државната одбранбена компанија „Укроборонпром“ на сметка на офшор компанија врз основа на лажни договори.
– Покренат е нов кривичен случај, кој би можел да погоди десетина соработници на Порошенко. Националното истражно биро вчера покрена истрага, изјави Андреј Портнов, адвокат и поранешен заменик шеф на кабинетот на поранешниот претседател Виктор Јанукович.
Портнов наведе и дека „во случајот вмешана е и шефицата на Народна банка, Валерија Гонтарева, претставници на компаниите „Укроборнпром“ и „Укрексимбанка“ кои го „организираа трансферот на милијарди во странска валута директно од ’Укроборнпром’ на офшор сметки, врз основа на лажни договори, а поради лична корист иако беа свесни дека ја загрозуваат националната безбедност и одбранбените капацитети на Украина“.
– Тој посочи дека случајот може да резултира со конфискација на целиот имот на Порошенко и Гонтарева, како и со долги затворски казни за нив.
Порошенко, исто така, е осомничен за велепредавство, злоупотреба на положбата, перење на пари, затајување данок, обид за узурпација на правосудството и незаконско именување на министри во 2016 година, кога во Парламентот не постоеше коалиција.
Ново на Сител
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани
-
И денеска судења против Мерко
-
Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
-
ЈКП – ЈА бараат да плаќаат за струја по тарифи како и за физичките лица
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија