Пол Макартни и Ринго Стар работат на заеднички проект
Некогашните членови на култниот бенд „Битлси“, Пол Макартни и Ринго Стар по седум години повторно ги здружија силите и ќе работат на заеднички музички проект.
Имено, Макартни ќе биде бас-гитаристот на најновиот албум на својот колега, потврди за медиумите портпаролот на Стар.
Продуцентот на неговиот последен аблум, Брус Шугар пак на Фејсбук објави своја стара фотографија со „Битлси“ во студио, под која напиша дека тоа бил „прекрасан ден“, поради што се појавија гласини дека и тој ќе биде вклучен во проектот. Ним ќе им се придружи и гитаристот на „Иглс“, Џо Волш.
Оваа соработка меѓу двајцата славни музичари ќе биде прва по 2010 година, по издавањето на албумот на Стар, „S Not". Таму Пол исто така свиреше бас-гитара во песната „Peace Dream“ и пееше во „Wаlk With You".
- Благодарам што дојде и што отсвири одличен бас. Те сакам, старче, мир и љубов, напиша поранешниот тапанар на „Битлси“ на Твитер.
Од славната четворка на „бубачките“, денес се живи само Макартни и Стар. Џон Ленон беше убиен во 1980, а Џорџ Харисон почина од рак во 2001.
Насловот на новиот албум на Ринго Стар се уште не е познат.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот