Пола милион Грци страдаат од депресија, предизвикана од кризата
Повеќе од половина милион Грци страдаат од депресии, кои се предизвикани од економската криза и последиците од неа, пишува весникот „Та неа“.
Експерти тврдат дека зголемениот број случаи на депресии е загрижувачки и би можел да изнесува колку вкупното население на три градови, како што се Патра, Јанина и Волос.
Професорот Петрос Скапинакис во врска со оваа тема истакнал дека во 2015 година бројот на луѓето во Грција кои страдаат од депресија изнесувал над 500.000 и таа појава почнала да станува хронична, но голем дел од тие лица не побарале медицинска помош.
Според статистички податоци минатата година околу 36 отсто од населението во Грција се наоѓале на прагот на сиромаштија и социјална изолација поради кризата.
- По воведените мерки за штедење бројот на самоубиства се зголемил за 35 проценти, нагласи професорката по психијатрија Марина Иконому.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино