Македонија
15. October 2023 - 11:27

Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езеро

Во ОВР Крушево синоќа во 21.15 часот било пријавено дека 68-годишна жена сака да се фрли во езерото во близина на Крушево.

Полициски службеници се упатиле кон езерото и ја затекнале жената кога скокнала во езерото.

- Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н.П.  скокнал во езерото по неа и ја спасил, по што е пренесена во Здравствен дом Крушево, информираа денеска од МВР.