Полицаецот кој го уби Афроамериканецот Рајшард Брукс се соочува со смртна казна
Јавен обвинител од Џорџија синоќа поднесе обвинение за убиство против отпуштениот полициски службеник кој го уби Афроамериканецот Рајшард Брукс.
Смртта на 27-годишниот Брукс е уште еден удар врз девалвираната доверба кон полициската служба во САД за која многумина сметаат дека негува расистички предрасуди и употребува брутални акции против црномурестото население во земјата.
Инцидентот се случи во саботата вечерта на паркинг пред ресторан за брза храна во Атланта.
По повик од ресторанот, двајца полицајци контактирале со 27-годишниот Брукс, кој заспал во својот автомобил и го блокирал сообраќајот. Средбата ескалирала откако полицајците се обиделе да го задржат Брукс поради возење во алкохолизирана состојба. За време на апсењето, службеникот Гарет Ролф, белец, отворил оган кон Брукс кој почина на лице место.
Аутопсијата извршена во неделата укажа дека причина за смртта е убиство „со истрелени два куршума в грб“, и „повреда на внатрешните органи и крварање“.
Полицаецот се соочува со доживотна затворска казна или смртна казна. Вториот полицаец, кој учествувал во апсењето, соработува со истрагата и е привремено е отпуштен од службата.
Си-Ен-Ен синоќа јави дека некои полицајци од Атланта не одговарале на повиците на службата како солидарност со своите колеги вклучени во случајот со убиството на Брукс.
Ново на Сител
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”
-
Јанкуловски: Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата
-
Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок
-
Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години