Полицијата апсеше на домашни забави во Скопје
Полицијата во текот на ноќта и утрово растурила две домашни забави во Скопје при што се приведени 13 лица бидејќи се собирале и покрај забраната која е во сила како дел од мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.
Едната забава како што соопшти МВР била во стан на улица „Рајко Жинзифов“ каде било пријавено дека има гласна музика, нешто подоцна пред 3 часот наутро полицијата со судска наредба извршила контрола и привела 8 лица на возраст од 25 до 35 години меѓу кои и сопственикот на станот.
Во истиот период во иста таква акција на улицата „Елисије Попоски“ интервенирале Единицата за внатрешни работи - Центар и Интервентната полиција каде имало домашна забава на која присуствувале 5 лица, 4 од Скопје и едно од Битола. Сите се приведени.
Против сите 13 лица ќе биде поднесена пријава по член 206 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Ова не е прв пат. Само последните 2 месеци полицијата да растури домашни забави со повеќе лица кои се забранети поради пандемијата.
Синоќа е приведен и сопственик на угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Полицијата во неговиот локал затекнала 29 гости по дозволеното работно време. Објектот е времено затворен а сопственикот ќе добие кривична пријава.
Од МВР соопштија дека вчера изрекле 306 парични казни за неносење на заштитна маска.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице