Полицијата изрече 139 санкции на возачи на територија на град Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, седум за возење без возачка дозвола, два прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се изречени шест санкции за користење мобилен телефон, 51 санкција за непрописно паркирање, две санкции за минување на црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
