Полицијата казни над 220 возачи вчера во Скопје - најголемиот дел од нив возеле побрзо од дозволеното
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, девет мерки за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии
-
Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено
-
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“