Македонија
20. July 2018 - 14:52

Полицијата откри 44 мигранти во камион на автопатот Гевгелија-Скопје

Полицијата во камион кај првиот тунел во правец Гевгелија-Скопје завчера открила 44 мигранти.

Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера во 22:00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје од страна на припадници на мобилната царинска единица било забележано товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски табли и во координација со полициски службеници од Граничниот премин Богородица, се упатиле по него.

Кај првиот тунел во правец Гевгелија-Скопје возачот откако ги забележал, го сопрел возилото излегол од него и побегнал.

Во возилото биле пронајдени 44 илегални мигранти, од кои 10 од Сирија, 20 од Пакистан, 12 од Авганистан и двајца од Индија. Мигрантите биле задржани во Полициската станица за Граничен премин-Богородица за понатамошна постапка.