Полицијата работно за Бадник, се апсеа наркодилери во Скопје, Кичево и Охрид
Синоќа во 22.40 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле К.Т.(19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар.
Претходно во 21.30 часот од реонот на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје, од слобода го лишиле Ф.Н.(28) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица.
Околу 21.00 часот на ул„11-Ти Октомври“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево од слобода го лишиле К.И.(24) од Кичево поради тоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Пoлициската станица Кичево.
Рано утрово во 02.10 кај депонија „Буково“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода ги лишиле Т.Ј.(43) од Велес и О.М.(22) од Битола поради тоа што во возилото во кое се превезувале и кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица во Охрид.
По целосно документирање на случаите против наведените лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР