Полицијата расчисти серија кражби во Штип
СВР-Штип расчисти серија кражби извршени во патнички моторни возила, аптеки и продавници. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека тројца сторители од кои и еден малолетник се фатени на лице место, додека извршувале тешка кражба од автомобил.
-Лицата биле лишни од слобода
Таа додава дека расчистено е „разбојништво“ извршено на 5 ноември на Градскиот пазар во Штип над 83- годишна жена од страна на малолетен сторител, кој физички ја нападнал жената, а потоа и ја одзел чантата.
И ова лице е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Дел од украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани.
Во текот на вчерашниот ден регистрирана е и повреда на 36 годишен работник во фабрика во Пробиштип, а случајот е пријавен од страна на Итната медицинска помош
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени